Утре (понеделник, 16 септември) од 12:00 до 14:00 свечено ќе биде отворен меѓународниот Центар за бизнис психологија – Системски НЛП Југоисточна Европа.
Воедно отворањето е и по повод на ребрендирањето на компанијата до сега веќе позната како Агенција за комуникација Ксантика, во Центар за бизнис психологија.
Институтот соработува со реномираниот Институт за применета психологија ‘Bureau Land & Partners’ од Холандија кој што веќе 20 години успешно спроведува меѓународно признаени образовни програми.
Отворањето на еден ваков центар е од големо значење за неформалното образование во Македонија, бидејќи овозможува здобивање на меѓународни сертификати корисни во сите сегменти на работењето онаму каде што комункацијата е клучна во остварувањето на успех.
Центарот за бизнис психологија е прв во Македонија од ваков карактер, додека во светот вакви центри успешно функционираат со децении.
Меѓународната сертификација е акредитирана од: American Board of NLP.
Тренерите се меѓународно сертифицирани од: The Dilts/NLP University, Dynamic Learning Center, Santa Cruz, USA.