Денеска (четврток, 5 септември) во 18:30 часот во Културно -информативниот центар на Република Македонија во Софија, ќе биде отворена изложбата на Афердита Кики.
„Уметноста што ја создава уметницата Афердита Кики плени со силната потреба за ликовно изразување. Едноставно, поседува свој свет на слобода. Со одредени комбинации на линии, боја, јазли, нишки, реси и облици ангажира директно, но и посредно. Кики е уметница со неверојатно изразени фактори на креативност, способност да апсорбира, способност да преобликува, да расчленува и да апстрахира. Оригинална во изразот и сензибилна во забележувањето, нè импресионира со креативната мисла и продлабочената емоционалност; бележења на непредвидливи физички и емоционални активности – апсорбирани чувства и емоции“ – се вели во соопштението.