Османли добитник на наградата „Урбан“

Добитник на годинашнава награда „Урбан“ која што ја доделува „Урбаниот Институт – Скопје“ за афирмирање на македонската урбана култура е Томислав Османли.

Наградата се доделува за неговата континуирана дејност во негување на урбаните вредности и традиции на поголем број креативни полиња, вклучувајќи ги и урбаните книжевни вредности на неговиот романот „Зад аголот“, кој беше неодамна промовиран.

Одлуката за наградата ја донесе Редакцијата на „Урбан Институт – Скопје“ и минатогодишните добитници проф. д-р Васил Тоциновски (професор на Универзитетот во Риека), и Петер Петрески (директор на ЈОУ „Борка Талески“ од Прилеп).

Османли е истакнат македонски драмски автор, добитник на повеќе значајни награди и признанија. Неговата студија „Филмот и политичкото“ (1981) се е забележана како првата теоретска книга посветена на седмата уметност, урбаните есеи „Медиумот што недостасува“, како и теоретската книга „Стрип запис со човечки лик“ (1987 и 2002) која е се уште единствена книга посветена на деветтата уметност во Македонија, придонесуваат за развојот и унапредувањето на македонската урбана мисла.

You May Also Like