ОМД ќе трча за децата од Домот „11 Октомври“

Хуманитарна трка за Домот за деца без родители „11 Октомври“ од Скопје ќе се одржи на 8 септември во Вашингтон, Њујорк и Ен Арбор во Мичиген. Организатор е Обединетата македонска дијаспора.

1st_ajvar5k_run

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со задоволство најавува дека добротворниот настан, трката Ајвар 5К, поради големата заинтересираност, оваа година по втор пат ќе се одржи во Вашингтон и за прв пат оваа година на две други локации во Њујорк и Ен Арбор во Мичиген. Сите три трки по повод 22 годишнината од осамостојувањето на Македонија ќе бидат одржани во Недела на 8-ми Септември 2013.

Завршувањето на трката на сите локации ќе биде одбележана со попладневен пикник, музика, оро и добра дружба! За да се регистрирате за трката стиснете ТУКА.

Средствата собрани од сите три трки ќе бидат донирани на Домот за деца без родители 11-ти Октомври во Скопје во кој нови подови, теписи, шкафови и многу други работи се повеќе од потребни. Во зависност од тоа колкави ќе бидат донираните средства ОМД се надева дека ќе може да помогне и на Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

Трката во Ен Арбор во Мичиген под наслов „МК Ајвар 5К трка за различност“ е организирана од страна на Македонско-Американската Студентска Асоцијација (МАСА) при Универзитетот во Мичиген и дел од средствата ќе бидат донирани на локалната асоцијација Роналд Мек Доналд за деца на кои им е потребна помош.

Благодарејќи на дарежливоста и великодушноста на многубројните пријатели, од различни националности, заедно со Обединетите Македонски Американци од  Детроит минатата година,во домот за деца без родители 11-ти Октомври беа обезбедени 25 нови крветчиња и душеци. Во партнерство со Pencils 4 Kids International, основана од страна на Амбасадорката Љубица Ачевска член на советот на ОМД, обезбеден беше и школски прибор. .

You May Also Like