Одржана регионална конференција за рурален туризам

Во организација на центарот за жени претприемачи и ЦЕИ се одржа Конференција на тема „Иницијатива на жените за развој на руралниот туризам“ која ги обединува клучните лица од државните членки на ЦЕИ кои се вклучени во полето на зајакнување на претприемништвото и претставниците на институции и национални мрежи кои работат на развојот на руралниот туризам.

На Конференцијата свое обраќање имаше градоначалникот на Гази Баба- Тони Трајковски, кој ги поздрави присутните гости и иницијативата за организирање на ваков настан во Општина Гази Баба, тој ја презентираше позицираноста на општината потенцирајќи дека од вкупната површина од 92км2 од кои 65% се во неравиено подрачје.

„Имаме огромен потенцијал не само како општина туку и како држава но за жал многу малку сме успеале да реализраме заеднички регионални проекти финансирани од меѓународните фондови, посочи Трајковски. Од конференцијата треба да произлезат и предлози за креирање на балкански бренд и регионална стратегија за заеднички настап на интернационалните пазари како и меѓусебна поддршка“ – рече Трајановски.

На настанот присуствуваа претставици од многу релевантни организации, институции и приватниот сектор од нашата земја и државите Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија и Италија

Конференцијата финишираше со потпишување на Меморандум за соработка меѓу присутните учесници со кои се дефинира платформата за идната соработка и активностите за развоја на руралниот туризам во регионот.

You May Also Like