Претстава „Одисеј“ на македонскиот режисер Александар Поповски ја понесе главната награда на Фестивалот на медитерански театар „Пургатории“ во Тиват.
Наградата за најдобар актер ја понесе Хрватот Озрен Грабариќ за улогата на Одисеј.
Текстот за „Одисеј“ го напиша Горан Стефановски, а Александар Поповски ја постави како копродукција меѓу театрите „Улисис“ и „Гавела“ од Загреб, Српското народно позориште и Стерииното позорје од Нови Сад, Словенско народно гледалишче од Марибор, Ателје 212 од Белград и Театарот на навигаторот Цветко од Скопје.
Музиката во претставата е дело на „Фолтин“, а нејзината премиера се случи на 20 јули во театарот „Улисис“ на Бриони. Во претставата, покрај Озрен Грабариќ играат и: Никола Ристановски, Светозар Цветковиќ, Јасна Ѓуричиќ, Борис Исаковиќ, Бранко Јордан и други.