Од денеска Виница е „слободна зона“

Од денеска (27 август, вторник) во Виница започнува четвртото издание на фестивалот „Слободна зона“. Фестивалот ќе трае до 30 август.

vinica_centar (copy)

За времетраењето на „Слободна зона“ Виница ќе биде исцртана со графити од тројца креативци од градот, а ќе настапат звучни имиња од македонската и хрватската алтернативна музичка сцена – Грин фаз, Да Џака Накот, Фулиш грин, Власта Попиќ, Скандал, диџеите Роботек, Марсо, Мирко Попов и Диаз Кортез.

Мотото ќе биде „Ослободи зона – креирај“, а идејата е да се победи летаргијата на помалите места како Виница. На фестивалот ќе има театарска работилница, танцово театарски перформанс, проекции на филмови и дебати.

You May Also Like