34-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 20 септември 2013 година во Битола и ќе биде отворено со премиера на македонскиот филм „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов. Годинашното мото на фестивалот е „Пушти ја светлината“.
Шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин е добитник на „Златната камера 300“ за животно дело во 2013, а француската снимателка Ањес Годар на специјалната награда „Златна камера“ за особен придонес во светската филмска уметност.
Претседател на петчленото интернационално жири на главната програма ќе биде
шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин (роден 1938), снимателска легенда,
додека останатите членови се: Елма Татарагиќ, Дејан Дуковски, Божидар Манов (роден 1947) и
Амнон Злајет
Претседател на тричленото жири пак, на програмата Нови визии која е натпреварувачка од 2011 година ќе биде македонскиот режисер Антонио Митриќески,а останатите членови се и двете дами Шахла Нахид (новинарка и филмска критичарка на Радио Франс интернешенел) и Андроника Мартонова, бугарска филмска критичарка и истражувачка на азискиот филм.