Годинешното шесто издание на Reload Festival 2013 во Владичин Хан- Србија ќе се одржи од 19 до 28 јули 2013 во спортскиот центар Куњак.
Главниот тридневен музички програм ќе биде од 26 до 28 јули. На две сцени ќе настапат повеќе од 35 изведувачи , а во текот на сите 9 дена се предвидени креативни работилници како изработка на начит, графити, модерен танц, ПОИ dance, музичка продукција, во кои активно ќе може да се вклучат сите млади.
Фестивалот како и учеството на работилниците се бесплатни, а организаторите на овој фестивал имаат обесбедено и место за кампувањеза сите присутни.
Дел од изведувачите се Lemon Bucket Orkestra од Канада, Bad Copy, Eyesburn, Kanda Kondza I Nebojsa, Obojeni program, Blaysa Dub Playa.