Со општонароден собир во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци, Општина Илинден на свечен начин го одбележа националниот празник на Македонскиот народ и Денот на Општината „Илинден 2-ри Август”, како и 17-ет годишнината од своето постоење.
На централната прослава што се одржа под мотото „Со Илинден традицијата продолжува”, на присутните неколку илјади граѓани, гости, пријатели на Општина Илинден, им се обрати епископот г. д-р Јосиф Лешочки, пратеникот Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и претседателот на Советот на Општината, Марјан Милошевски. Пред почетокот на програмата му беше оддадена почит и благодарност на неодамна починатиот митрополит на Полошко-Кумановската епархија г.Кирил чии посмртни останки се погребани во манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓија“.
Меѓу присутните гости беа претставници од збратимените општини од Р.Хрватска, Општина Решетари и Р.Бугарија, Софиска општина Илинден, пратеници од Собранието на Р.Македонија, претставници од бизнис секторот и свештеници од Македонската Православна Црква.
За културно-уметничката програма на општонароден собир се погрижија квартетот составен од Пламенка Трајковска – виолинчало, Наташа Диденко – виолина, Ивана Талевска – виола и Елизабета Мицева – виолончело, како и естрадните уметници Кристина Арнаудова и Сузана Спасовска.