“Нокаут” со блескав настап пред битолчани

Точно една година по незаборавниот концерт, по кој „Нокаут“ се вратија во Битола и средата вечер го надминаа својот минатогодишен рекорд на посетеност.

nokaut vo bitola

Битолчани не ги уплаши ни променливото време, ни највената бура. Како што во еден глас пееја заедно со „Нокаут“ – „Па и да ни заврне чадор имаме…“. Ракометното игралиште целосно беше пополнето, а публиката уживаше во настапот на Нокаут. Не остана рамнодушна ни на домашните бендови „Паркети“ и „Промашена инвестиција 3,14“ кои придонесоа за уште поголема енергија и забава до раните утрински часови.

Со дел од сретствата на концертот, кој е дел од досега најголемото и најсодржајно културно лето „Бит Фест 2013“, „Нокаут“ со организаторите „Горила продукција“ едногласно решија да му помогнат на 27-годишниот битолчанец Димтитрија Ласовски што поскоро да замине на лекување во странство.

„Нокаут“ продолжуваат со активното лето. Следна е публиката во Кочани, која ќе ужива во добропознатите евергрини, но и новите песни на бендот на бесплатниот концерт во Градскиот парк во сабота, 13-ти јули. Кулминацијата ќе биде на 26-ти, за кога бендот го подготвува големиот концерт во клубот „Кадмо“ во Охрид.

„Нокаут“ пред само неколку дена го промовираа видеоспотот за новата песна „Запомни тоа е се што имаме“, во продукција на „Горила“, на чело со режисерот Владимир Дади Илиевски.

nokaut bitola pere publika

nokaut bitola franc

nokaut bitola cador imame

nokaut bitola bina 2

You May Also Like