Нокаут закажа повторно концерт во Охрид

Тричасовниот настап на 26-ти јули, со дури 4 биса, е доволен доказ дека публиката во охридскиот клуб „Кадмо“, сака повторно да ги види „Нокаут“.

nokaut vo bitola

Затоа бендот и „Горила Продукција“ одлучија да ги послушаат желбите на фановите и да закажат уште еден концерт на сцената на „Кадмо“, овој пат на 8-ми август.

Картите можат да се најдат во претпродажба по промотивна цена од 200 денари во кафе „Кадмо“, клуб и плажа „Кадмо“, „Пица Буре Градиште“ и Градски плоштад Охрид. На врата влазниците ќе чинат 300 денари.

 

You May Also Like