Нов стејџ на Пиволенд

Покрај најавените 3 стејџа (главен, денс и кавер бенд) посетителите на Пиволенд ќе имаат можност за уште едно музичко освежување – 4ти стејџ за кој ќе се погрижи радио МОФ.

pivolend-2013_poster

На оваа сцена предност ќе им биде дадена на младите, алтернативни музичари и диџеи од Македонија и ќе биде одлично надоплонувнање на веќе најавената музичка програма. Во музичките правци кои ќе бидат застапени преовладува вистинско шаренило.

Во петте фестивалски денови ќе можат да се проследат најголемите домашни ѕвезди како Тамара Тодевска, ДНК, Тони Китановски и Васил Хаџиманов, Нокаут, Визија, најдобрите македонските ДЈи: Гоце (саф), Славе, Мирко Попов, Ајсберг, Роботек, Лефанк, Гејм овер и Чваре, како и најдобрите наши кавер изведувачи меѓу кои Бени нон стоп, Ај Кју, Пеперминт Босса нова, Лабаво Лавабо и многу други.

Посетителите ќе можат да ги проследат и настапите на регионалните ѕвезди-Електрични оргазам, Едо Маајка, Постолар Трипер и Викеда.

Влезот на фестивалот е бесплатен. Цените на пивата ќе се движат од 70 денари за македонско пиво во чаша  од 0,4л, лименка од 0,5л-80-100 денари, додека најскапите и ексклузивни странски брендови пиво ќе чинат околу 200 денари. Препораката од организаторите до посетителите на Пиволенд 2013 е „да ги одморат“ своите возила и да дојдат со градски превоз, пеш или со велосипед, да конзумираат одговорно и да уживаат во вкусот на различните пива, храна и добрата музика.

Ценовник на пивата кои ќе можат да се купат на Пиволенд  од двете најголеми македонски компании производители на пиво:

 Скопска пивара

Скопско точено 0,4 л. – 70 денари

Скопско младо пиво 0,4 л. – 80 денари

Скопско лименка 0,5 л. – 80 денари

Амстел лименка 0,5 л. -90 денари

Хајнекен лименка 0,5 л. -100 денари

 

Прилепска пивара

Златен Даб точено 0,4 л. – 70 денари

Златен Даб 1,5 л. – 200 денари

Туборг 0,5 л. – 100 денари

Туборг лименка 0,33 л. -90 денари

Крале Марко 1,5 л.-150 денари

You May Also Like