Во рамки на активностите за модернизација на патниот сообраќај, по налог на Град Скопје, екипи на ЈП Улици и патишта, инсталираа нов портален семафорски столб на улица „Борис Трајковски“ (поранешна улица „Првомајска“).
Порталниот семафорски столб е поставен на пешачкиот премин кај маркетот „Тинекс“. Модернизацијата на сообраќајната сигнализација на оваа делница ќе придонесе за безбедно и ефикасно одвивање на сообраќајот на новопроширената сообраќајница и ќе биде зголемена сигурноста и безбедноста на пешаците и велосипедистите.