Проект-платформата за развој на креативните индустрии „Скопје креатива“ го најавува второто издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива 2013“ кое ќе се одржи од 10 до 12 октомври во и пред платот на Универзална сала – Скопје.
Проектот е поддржан од Град Скопје и Универзална сала, а е во реализација на „Соларис продукција“ од Скопје.
Годинешното издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“, ќе биде насочено кон промоција на иновации од областа на компјутерскиот дизајн, музиката, филмот, дизајнот на мебел и најразлични иновативни производи и услуги создавани од македонски уметници и компании.
По тој повод, организацијата на фестивалот објавува конкурс за учество на сите заинтересирани уметници-индивидуалци, здруженија, компании кои сметаат дека нивните креативни производи и услуги заслужуваат внимание од пошироката јавност.
Конкурсот е достапен на официјалната страница на фестивалот „Скопје креатива“, на која може да се најдат и дополнителни информации од областа на креативните индустрии.
Организаторите воедно ги повикуваат сите уметници, креативци кои се на било кој начин дел од креативните индстрии да се евидентираат во базата на податоци на проект-платформата „Скопје креатива“.