Ново игралиште на Градската плажа „Парк“

Деновиве заврши уредувањето на новото мултифункционално игралиште на песок што е лоцирано на Градската Плажа „Парк“. Игралиштето промотивно ќе биде пуштено во употреба денеска (четврток, 19 јули) со одржувањето на Меѓународниот турнир во одбојка на песок „Скопје 2012“.

Игралиштето е со димензии 34 метри на 16,5 метри, од 4 страни обиколено е со 6 метарска жичена ограда, а од трите страни на игралиштето над жичената ограда поставена е и дополнителна плетена мрежна заштита со висина од 6 метри.

Игралиштето е осветлено со петнаесеттина рефлектори, а врз слојот од ризла со дебелина од 50 см, што е обрабен со бетон, поставен е песочен слој од 40 сантиметри. Изработката на игралиштето се реализираше според одредени стандарди, а деновиве ќе биде опремено со сите потребни спортски реквизити.

До игралиштето од двете страни изведени се два пара пристапни скалила, а меѓу двете патеки на кејот на Вардар ќе бидат поставени монтажни трибини за публика.

На игралиштето може да се игра одбојка, а со отстранување на одбојкарските столбови, игралиштето може да се пренамени за ракомет и фудбал на песок. Ова е прво вакво мултифункционално игралиште на песок во Република Македонија.
Градот Скопје за изработка на игралиштето од Буџетот издвои околу 2 милиона денари, а градежните работи ги изведуваше  ЈП „Улици и Патишта“.

 

 

You May Also Like