Новогодишна хуманитарна изложба во средното уметничко

Во пресрет на Новогодишните празници, Државното средно училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ – Скопје, денес (четврток, 20.12.2012 година), со почеток во 12:00 часот, во галеријата „Лазар Личеноски“ сместена во кругот на училиштето, организира Новогодишна хуманитарна изложба.

Сите средства собрани од продажбата на изложените дела се наменети за Заводот за рехабилитација на деца и младинци во населбата Топанско Поле, Скопје.

Покровител на изложбата е Министерот за образование и наука на Република Македонија, м-р Панче Кралев.

You May Also Like