Нов број на стрипот „Креатор“ No.16/17

Неодамна излезе од печат најновото издание на списанието „СТРИП КРЕАТОР“ (двоброј 16/17 ).Oва е списанието во кое своите први стрипови ги имаат објавено сега веќе афирмирани стрип автори од нашата земја.

kreator strip

Списание е помогнато од страна на Министерството за култура на Република Македонија Во ова последно издание преовладуваат македонски автори,но и наградени странски автори од се објавуваат стрипови од последниот традиционален 10-ти Интернационален стрип салон во Велес . Тоа се:

-Марија Џидрова,
-Мирко Бојаџиевски,
-Емилија и Стојче Тоциновски
-Марија Стојановска,
-Јордан Коцевски
-Андреј Манев
-Александар Стеванов
-Весна Ничевска -Саравинова
-Ненад Станчев
-Антонио Јаневски
-Ване Трајков
-Димитриј Михајловски
-Џошкун Алиевски
-Ѓунај Абдулов
-Бојана Милчевска
(сите горенавадени од Македонија)
-како си автори од други земји

Според Стрип центар на Македонија-Велес ,подготовките за овогодинешниот 11-по ред Салон на стрип течат со задоволувачка динамика,посебно во делот на пријавување како на странски стрип цртачи така и домашни, (помалку или повеќе афирмирани). Крајниот рок на овој стрип конкурс е 25 Септември.

Впрочем целта на овој салон е македонската стрип сцена (автори, публика) да се доближи до странската.Ефектите се видливи, досега како гости на нашиот салон биле организаторите на стрип фестивали од регионот; фестивалот во Лесковац , фестивалот ЦРШ Загреб, фестивалот во Белград.Посебен ефект секојпат предизвикува и гостување на реномирани автори како до Италија, Јапонија, Швајцарија, САД, Србија, Косово,Бугарија ….Оваа година ке се претстави германската стрип сцена, но постои реална можност и за стрип автори од други земји .

Големиот импулс како меѓу младите од Велес и други градови, солидниот медиумски публицитет ,создадената соработка мегу авторите …создаде голем развој на стрип културата во Македонија, што процес трае без запирање…

You May Also Like