Нова фонтана и реконструкција на плоштадот Македонија

Град Скопје деновиве објави тендер за изградба на современа фонтана на плоштадот Македонија и реконструкција на плоштадот.

plostad

Станува збор за изградба на современа фонтана на површинско ниво со 128 прскалки, кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15×15 метри, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот мост и постојната фонтана.

За време на реконструкцијата, постојните плочи на плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата Пресвета Богородица. На местото на извадените плочи, при реконструкцијата на партерот на плоштадот Македонија, ќе биде поставена коцка.

На плоштадот ќе бидат заменети канделабрите, клупите и кантите за отпадоци.

Проектот за изградба на фонтана и реконструкција на плоштадот ќе се реализира со 2/3 финансиски средства од Владата на Република Македонија и 1/3 од буџетот на Град Скопје.

You May Also Like