Нико Горшиќ лауреат на Фестивалот „Ристо Шишков“

Меѓународното жири на Интернационалниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, синоќа во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, на актерот Нико Горшиќ од Словенија му ја додели единствената награда на фестивалот, Златен медаљон со ликот на Ристо Шишков за брилјатната изведба во монодрамата „Столови“ од Ежен Јонеско, а во продукција на Мини театар од Љубљана.

theatar masks (copy)

Стручното жири на новата театарска акција, позната како НЕТА, по четврти пат додели награди за најдобра претстава „Изгубени Германци“ според текст на Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски, во продукција на Народен Театар од Скопје.

Награда НЕТА за најдобра режија доби Југ Станковиќ од Србија, за претставата „Јовча“ од Бора Станковиќ, а во продукција на театарот од Шабац. За уникатен актерски дует, годинава за првпат асоцијацијата НЕТА им додели награда на Јоана Поповска од Македонија и Атанас Попдимитров од Бугарија, за актерската игра во претставите „Столови“ од Ежен Јонеско и во „Грав“ од Елин Рахнев, во продукција на Мал драмски театар од Битола и Драмски-куклен театар од Враца – Бугарија, кои ги режира Љупчо Ѓорѓиевски.

Награда НЕТА за продлабочено театарско истражување, синоќа и беше доделено на Криса Јоанидоу, за изведбата во претставата „Човекот кој“ во режија на Павлос Данелатос од Грција. Награда за најдобра претстава, која најдобро комуницира со публиката, жирито на тркалезната маса на фестивалот им ја додели на претставите „Столови“ и „Грав“ на режисерот Љупчо Ѓорѓиевски, а во продукција на Мал драмски театар од Битола и Драмскиот-куклен театар од Враца.

You May Also Like