Денеска (11 септември 2013 година, среда) во хотел Арка, што се наоѓа во Старата скопска чаршија, од 10 до 14 часот, ќе се одржи централниот настан од 9-та јубилејна годишна манифестација „Недела на енергетиката – Македонија 2013“.
Тема на меѓународната конференција е „Енергија и енергетско искористување на отпадот во урбани заедници“, а конференцијата е во организација на Град Скопје и Здружение МАЦЕФ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија.
Конференцијата свечено ќе ја отворат, министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Абдилаќим Адеми, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и оперативниот раководител на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Мартин Клауке. Настанот е дел од активностите на меѓународниот проект „РЕ – СЕЕтиес“ финансиран од ЈИЕ програмата на ЕУ.