Националниот младински совет го одбележа Меѓународниот ден на младите

Денеска (понеделник, 12-ти август) е меѓународниот ден на млади. Од 1999 Обединетите Нации по резолуцијата 54/120 го усвојуваат овој ден со цел постојано да се унапредува положбата на младите.

nacionalen mladinski sovet - besimi

Националниот Младински Совет на Македонија, го оддбележува  меѓународниот ден на млади со порака за поактивна вклученост на младите во сите општествени процеси. Во просториите на ЕУ инфо центар, Националниот Младински Совет на Македонија, денеска оддржа прес конференција и промоција на публикација за младинско организирање во Македонија.

На прес конференцијата се обратија г-ца Ивана Давидовска, претседател на Националниот Младински Совет на Македонија,  г-дин Фатмир Бесими, заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Евроинтеграции, г-дин Бертран Демулан Претставник на УНИЦЕФ, и г-ѓа Петра Андерсен претставник на  Делегација на Европската Унија во Скопје.

Апелираме до сите чинители во општеството  да се посветат на градење партнерства со младите и младинските организации, охрабрувајќи ги да бидат активни чинители и носители на промени во општествата.  Како Млади луѓе, ние не сме само иднината туку дел од сегашноста и со сите наши знаења и компетенции од различни области достапни за институциите заеднички да работиме и да го правиме светот подобро место за живеење. Националниот младински совет на Македонија работи да го унапреди статусот на младите во општество, да соработува со надлежните институции во процесите на креирање политики наменети за младите, да изготвува стратегии кои ќе служат како поддршка на имплементација на законските регулативи и активности кои ќе промовираат младинско вклучување и младински активизам”, Изјави  Ивана Давидовска, претседател на Националниот Младински Совет.

Вие младите луѓе сте идните граѓани на Европска Унија. Верувам во потенцијалите на младите во Македонија, и за да го искористиме тој потенцијал вратите на Секретаријатот за Европски Прашање е отворена за младински иницијативи и градење заеднички политики” истакна заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции, г-дин Фатмир Бесими.

Младите луѓе се приоритет на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, кој во своето обраќање по повод меѓународниот ден на младите не потсети дека младите кои мигрираат треба да се третираат како придонесувачи во општеството а не како товар. ОН има развиено акциски план за младите, за чија што реализација вклучува млади луѓе од целиот свет”  изјави г-дин Бертран Демулан, претставникот на УНИЦЕФ во Македонија.

Претставничката на Делегацијата на ЕУ во Македонија, г-ѓа Петра Андерсон во своето обраќање истакна дека Европската Унија постојано дава важност на младите во Европа, и тие се едни од клучните приоритети на ЕУ повикувајќи до младите “Не останувајте пасивни пред предизвиците и проблемитте, активирајте се”.

Публикацијата која денеска ја промовираме е информативна збирка за младинското учество и младинската политика во Македонија. Целта на оваа публикација е да ги обедини на едно место сите клучни аспекти и термини кои ги засегаат младите. Во неа се содржани теории, истражувачки факти, добри практики и пред се служи како алатка за младинските организации и младите да ги спознаат процесите на активно младинско учество“ истакна Иван Јовановски член на управниот одбор на  НМСМ.

You May Also Like