Денеска (петок 13 септември), во скопскиот клуб Капан АН ќе гостува МЕНУ или Марко Николовски, наш продуцент и диџеј кој неколку години живее во Амстердам, Холандија.
По одличното издание за македонската издавачка куќа Ексел Рикордингс, домашната публика ќе има можност да го чуе во живо овој млад и талентиран продуцент на подиумот во Капан АН. Заедно со него на овој настан ќе настапат и резидент диџеите Дејан Тевдо и Дарко Пацки, како и визуелна поддршка од Лејзи Кидз Вижуалз.
Овој настан е во организација на скопската хаус и техно дружина Дроп Сирис.