На Пивофест ќе се загреваме со добивки и ќе се ладиме со пиво

По задоволството и огромниот интерес кај публиката кој го имавме изминатите две години, игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, годинава, веќе по трет пат, ќе ги надополнат содржините на Пивофест 2013 во Прилеп.

prilep-centar

Како што и најавивме минатата година, ова полека прераснува во една убава традиција на дружење и забава на нашите играчи со целокупната понуда на игрите Игрите на среќа од Државна лотарија на Македонија.

Нашата понуда овој пат ќе ги надополни содржините на Пивофест 2013 во периодот од 18.07. 13 до 21.07.13. Во текот на четирите фестивалски дена, покрај пивото, гурманските задоволства и забавните содржини, Државна лотарија на Македонија на својот штанд на Пивофест 2013, со бројните помали и поголеми парични добивки ќе внесе вистинска живост и радост, во комбинација со бројните подароци за верните играчи – маици, капи и други брендирани материјали.

Со рекордни уплати, зголемено учество во игрите на среќа и бројни поголеми и помали добивки, и ова лето, продолжуваме да ги радуваме играчите на игрите на среќа во Државна лотарија на Македонија. Од вечерва, се гледаме во Прилеп.

За добро,
Државна Лотарија на Македонија

 

(комецијален оглас)

You May Also Like