Наградените од Светската галерија на цртеж на изложба во Прага

 ОСТЕН ќе ги претстави наградените автори од Светската галерија на цртеж во Галеријата на уметничката критика (сместена во Палата Адриа во центарот на Прага ). Изложбата ќе се отвори на 20 август (вторник) во 18:00 часот.

vasko_taskovski_makedonija

 

Ќе бидат изложени дела на Кристо, Јоже Циуха, Владимир Величковиќ, Пабло Пикасо, Виктор Вазарели, Димитар Аврамовски Пандилов, Каи Савелсберг, Марк Фризинг, Петер Хејдек, Стефан Бергер, Златко Гламочак, Глигор Чемерски, Симон Шемов, Ниче Василев, Павле Кузманоски, Атанас Ботев, Росица Лазеска, Тони Шулајковски, Благојче Бане Наумоски, Стефан Хаџи Николов, Татјана Манева и други наградени автори од Светската галерија на цртеж..

Изложбата се организира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадата на Република Македонија во Република Чешка, како и на Министерството за култура на Република Чешка, Државниот фонд за култура на Република Чешка и Градот Прага.

 

You May Also Like