Наградата „Мајка Тереза“ во рацете на Живко Поповски и Живко Мукаетов

Државната награда Мајка Тереза кое ја доделува Министерството за култура за остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност, оваа година отиде во рацете на бизнисменот Живко Мукаетов, и на сликарот и хуманист, Живко Поповски-Цветин.

majka tereza

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, во согласност со  Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот  на својата седница одржана на 26.6.2013 година донесе одлука за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2013 година заособено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу  припадниците на различните заедници, култури и вери.

За остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност државната награда им се доделува на:

– Живко Мукаетов – генерален директор и претседател на Управниот одбор  на АЛКАЛОИД АД Скопје и на

– Живко Поповски – сликар, хуманист, новинар и општественик.

Одлуката стапува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на РМ”.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 26.8.2013 година  (понеделник) во 12.00 часот во Порта Македонија – Скопје.

You May Also Like