Вечер (четврток, 22 август) на Бит фест, на летната сцена на Тумбе кафе во 20:30 ќе биде одржана изложбено- музичко-поетска вечер „Невидливиот човек“.
„Невидлиовиот човек“ е настан на кој присутните ќе имаат можност да ја доживеат поезијата преточена преку уметнички слики, а се тоа пропратено со пијано. Всушност станува збор за прикажување на процесот како зборот добива своја визуелна форма и како сликата може се претвори во збор и за на крај сето тоа да добие звучна форма преку пијаното. Секое поетско парче е претставено со своја уметничка слика. Присутните ќе проследат поетско читање, ќе уживаат во глетката од уметнички слики и звуците на пијаното.
Елена Ѓорѓиевска-Костадиновиќ – автор на поезијата и сликите.
Мери Кавкалеска-Стоилкова – пијано придружба.
21: 00 КЦ Магаза
Концерт „Златне године“ – Република Хрватска