„Музејот на македонската борба…“ одбележува две години постоење

Националната установа Музеј на македонската борба – Скопје ја одбележува двегодишнината од своето постоење. По тој повод на 8 септември, недела, со почеток во 12 часот, во конференциската сала, ќе се одржи пригодна програма на која свое обраќање ќе има директорот д-р Бранислав Светозаревиќ.

muzej na vmro - makedonska borba

На прославата ќе се доделат годишните признанија за најдобар музејски работник и плакета за најдобар надворешен соработник на музејот. Во оваа прилика ќе биде презентирана и најновата донација кон музејската колекција, а свој настап ќе има и фолклорниот ансамбл „Македонија“.

Музејот на македонската борба почна со работа на 8 септември 2011 година, на прославата на дваесетгодишнината од независноста на Република Македонија. Во изминатиов период музејот стана една од најпосетените институции со преку 50.000 посетители од земјава и од странство само во 2012 година, а над 100 000 од неговото отворање.

You May Also Like