Утре (сабота, 18.05.2013 година) по повод 18-ти Мај – Меѓународниот ден на музеите, Музејот на град Скопје ќе биде отворен за сите посетители кои ќе изразат желба да се дел од програмата насловена како Отворен Музеј, на тема „Музејот за децата-децата за Музејот“.
Сите заинтересирани посетители ќе учествуваат во Музејско – едукативните работилници кои ќе се одржуваат во сабота, 18 мај, од 09 – 16 часот, во просториите на Музејот, а темата ќе биде „Скопје 63“.
Покрај работилниците на кои децата ќе можат креативно да се изразат преку цртежот, глината, колажот, ќе можат да погледнат и проекции на краткометражни документарни филмови на теми поврзани за Скопје и земјотресот од 1963 година.
Филмовите се добиени по пат на соработка на Музејот со Кинотеката на Македонија.
Доколку сте импресионирани од изложеното национално културно богатство во Музејот, ќе може заедно со вашите деца да изберете и изработите предмет кој потоа ќе го украсува амбиентот во вашиот дом.