МКЦ концерт за „Скопје се сеќава“

Денеска (сабота, 27 јули) со почеток од 20:30 на платото пред МКЦ ќе се одржи голем концерт како дел од „Скопје се сеќава“ или одбележувањето на 50-годишнината од Скопскиот земјотрес. На концертот на отворено ќе настапат: Thee oh sees (USA), The John (MKD), Culture development (MKD), Скопски метеж (MKD).

theeohsees
THEE OH SEES (САД)

Харизматичниот и хиперпродуктивен John Dwyer го започнува проектот OSC како своевиден полигон за експериментирање во паузите помеѓу работата во своите бучни lo-fi бендови (The Coachwips, Pink & Brown, итн…), а со тек на време и со промена на членовите на бендот дојде до целовита, пулсирачка, леплива лава наречена Thee Oh Sees.

Од 2008 година и албумот „The Master’s Bedroom Is Worth Spending A Night In“ бендот не прекинува со своите сонични истражувања и ширења на границите од мрачниот психоделичен гараж звук, издавајќи по најмалку 2 албума годишно во паузите меѓу бескрајните турнеи. Препознатливиот звук кој е невозможно да се имитира, базиран на иновативната деконструкција на гитарските рифови од 60те, заводливата комбинација на машко-женски вокали кои на момент звучат како The Mamas & The Papas од пеколот, и зацртаните краутрок ритмови ги прават Thee Oh Sees единствени, но сепак во својата срж, се работи за панк-рок бенд, психоделичен панк-рок бенд.

Со последниот албум Floating Coffin доживуваат исклучително добри критики во релевантни музички магазини, но сепак оставаат чувство на збунетост со нивната непредвидливост. Thee Oh Sees дефинитивно ги надраснаа ограничувањата на сцената од која изникнаа и понатака остануваа свои во контролираниот West Coast хаос во кој пливаат без појас за спасување.

И да – Thee Oh Sees се сигурно еден од најдобрите бендови во живо на планетава земја (најверојатно и пошироко).

THE JOHN (МКД)

…се оформени во 2007 година во времето кога авторот, композиторот и мулти инстурменталистот Љупа Ангелов своите различни и широки музички влијанија започнува да ги канализира во создавање на сопствана музика и пишување текстови. Инспираран од музиката на култните The Velvet Underground, Bob Dylan, Gang Of Four, The Brian Jonestown Massacre и The Stooges но и под влијанија на подерниот звук како Shocking Pinks, LCD Soundsystem, The Dandy Warhols, Љупа Ангелов го создава македонскиот музички бисер кој се наоѓа во некој жанровски микс помеѓу psychedelic rock, surf, garage rock и neo psychedelia. The John e инзвореден бенд, што се докажува и со последниот албум Waufvw, кој воедно е изгласан за албум на годината според музичките соработници на скопското радио Канал 103.

Бендот мина низ многу турбуленции и промени на членови, додека денес бендот го сочинуваат Љупа Ангелов (гитара и вокал), ФИлип Пајдаков (бас гитара), Дарфа Тасевски (гитара, бас гитара) и Филип Станчевски (тапани).

thejohn1

CULTURE DEVELOPMENT (МКД)

..можеби и не се свесни дека се дел од светата линија на емотивниот панк, која на засега необјаснив начин дојде од Вашингтон (како дел од револуционерното лето 85-то!), преку Сан Диего (Гравитацијата си го направи своето) и конечно после европскиот француски одговор од средината на 90-тите зачука на непробојните ѕидини на Скопје. Доколку некој најде рационално објаснување како тоа се случи и зошто овие тинејџери звучат сигурно и убедливо како инди икони уште од својот прв настап дефинитивно во себе ја има моќта на претскажувањето. Culture Development се вашите омилени легендарни алтернативни херои заробени во телата на скопски деца.

theeohsees22

СКОПСКИ МЕТЕЖ (МКД)

Свежо хип хоп дуо, автентично, урбано, модерно, бунтовничко.

Скопски Метеж ќе ја отворат вечерта. Нов бенд на вибрантната скопска хип-хоп сцена. YO!

 

 

You May Also Like