Мирјана Карановиќ дел од сценаристичкото катче Браќа Манаки

Српската актерка Мирјана Карановиќ, која балканската публика ја препознаваат по голем број легендарни филмови од територијата на поранешна Југославија, го потврди учеството на реномираното сценаристичко катче „Браќа Манаки“ 2013.

Mirjana_Karanovic

Мирјана Карановиќ лично ќе го претстави и ќе го развива своето сценарио под наслов “Добра сопруга”. Во нејзината кариера судбинска улога одигруваат филмовите Татко на службен пат на Емир Кустурица и Грбавица на Јасмила Жбаниќ, инаку добитник на Златна мечка на Берлинскиот фестивал.

Карановиќ глумеше и во проекти како Буре Барут на Горан Паскаљевиќ, Јагода во супермаркетот на Душан Милиќ, Андерграунд на Кустурица, Сведоци на Винко Брешан (со што беше првата српска актерка која глуми во хрватски филм после војната), како и во филмовите на дел од најголемите режисери на овие простори Горан Марковиќ, Лордан Зафрановиќ, Боро Драшковиќ, Жика Павловиќ, Вељко Булаиќ…

Критичарите ја нарекуваат најголемата балканска глумица на сите времиња и често ја споредуваат со Мерил Стрип.

Карановиќ е професорка по глума на Српската академија на уметностите, а во Битола доаѓа со желба да научи повеќе околу техниката на пишување сценарија, што го потврдува високото реноме и престижот на сценаристичко катче на фестивалот.

You May Also Like