Мини циклус на чешкиот филм во Кинотека

На 23 мај (четврток) започнува мини циклусот посветен на чешкиот филм. Во оваа прилика имаме можност да видиме 4 филмови од богатата чешка филмска школа, филмови кои го издржале тестот на времето.

 

Програма

23 мај (четврток), 20:00 ч.

БЕГАЈ КЕЛНЕР, БЕГАЈ

(Vrchní, prchni!)

игран филм, Чехословачка

1981, 88 мин., колор, 35 мм.

режија: Ладислав Смољак (Ladislav Smoljak)

сценарио: Зденек Сверак (Zdeněk Svěrák)

улоги:  Јозеф Абрхам, Либусе Сафранкова, Даниела Бакерова

(Josef Abrhám, Libuše Šafrániková, Zdeněk Svěrák, Daniela Bakerová, Eliška Balzerová)

Далибор Врана води двоен живот. Сопругата и децата го гледаат како секојдневно вежба на виолината и веруваат дека тој го прехранува семејството свирејќи по ресторани и барови. Меѓутоа Далибор е и талентиран џепарош, умее многу вешто да изпразни туѓ паричник. Таквата заработувачка е само дел од неговите „примања“, бидејќи тој многу често се претставува и како келнер и им наплаќа сметки на гостите во рестораните. Потоа, нормално, бега колку што нозете го носат, со нивните пари в џеб. Набргу во целиот град ќе се дознае дека „лажен“ келнер ги ограбува луѓето и полициските служби ќе се обидат да го следат неговото движење.

24 мај (петок), 20:00 ч.

СО ТЕБЕ УЖИВАМ ВО СВЕТОТ

(S tebou mě baví svět)

игран филм, Чехословачка

1982, 82 мин., колор, 35 мм.

режија и сценарио: Mарие Поледнакова  (Marie Poledňáková)

улоги: Јулиус Сатински, Вацлав Постранецки, Павел Нови, Јана Шулцова, Елишка Балзерова (Július Satinský, Václav Postránecký, Pavel Nový, Jana Šulcová, Eliška Balzerová)

Тројца средовечни мажи одат на одмор во планина со своите деца на возрасто до 2 до 8 години и се обидуваат  да се справат со нивните секојдневни потреби  во отсусво на сопругите. Главната стратегија им е да ги исцрпат своите деца со многу активности, за тројцата да можат вечерните часови да ги поминат во заедничко дружење. Но, не излегува така како што си зацртале.

25 мај (сабота), 20:00 ч.

ВРАТЕТЕ МУ ГО ДОЛГОТ НА ЃАВОЛОТ

(S čerty nejsou žerty)

игран филм, Чешкословачка

1985, 95 мин., колор, 35 мм.

режија: Хинек Бочан (Hynek Bočan)

сценарио: (Jiří Just, Hynek Bočan)

улоги: Владимир Длоухи, Онджеј Ветчи, Јана Дитетова, Јозеф Кемр, Виктор Прајс (Vladimír Dlouhý, Ondřej Vetchý, Jana Dítětová, Josef Kemr, Viktor Preiss, ,  )

Таткото на Петар умира и тој останува сам со својата лоша маќеа. Таа е алчна и сака по секоја цена целото богатство што го оставил таткото на Петар да го задржи само за себе. Ќе издејствува Петар да заврши во затвор, а потоа и да го земат во војска. Маќеата ќе биде подготвена да направи договор и со самиот ѓавол, само за да дојде до парите на Петар. Но, и ѓаволот води евиденција за сите трансакции, па еден ден ќе побара да се израмнат сметките.

27 мај (понеделник), 20:00 ч.

КОЈ БАРА ЗЛАТО?

(Kdo hledá zlaté dno)

игран филм, Источна Германија

1974, 93 мин., колор, 35 мм.

режија: Јиржи Менцел (Jiří Menzel)

сценарио: Зденек Сверак, Јиржи Менцел (Zdeněk Svěrák, Jiří Menzel)

улоги: Јан Хрушински, Јана Ѓерѓилова, Јулиус Пантик, Алојс Лишкутин, Франтишек Хусак (Jan Hrušínský, Jana Giergielová, Július Pántik, Alois Liškutín, František Husák)

Кога ќе се врати од отслужување на воениот рок, Лада безуспешно се обидува да се вклопи во средината. Не го разбира системот во кој луѓето намерно ја саботираат работата и одбиваат секаква професионалност. Лада се вработува како возач на камион за разнесување градежен материјал при изградбата на една брана и со камионот секој викенд доаѓа во градот да ја посети својата девојка. Тој не е свесен дека истиот камион е користен за шверцување роба, но и дека неговата девојка е вмешана тоа.

You May Also Like