Милчо Манчевски ексклузивен гостин во Венеција

Милчо Манчевски со краткиот филм „Четврток“ се враќа на Венецискиот филмски фестивал.

Milcho_Manchevski (copy)

За 70-годишниот јубилеј Фестивалот упати покана до 70 режисери кои учествувале во Венеција во изминатите дваесетина години да снимат филмови од 60 до 90 секунди за селекцијата “Venezia 70 Future Reloaded”.

Милчо Манчевски е еден од нив, а на поканата се одзвале Бернардо Бертолучи, Ким Ки-дук, Пол Шредер, Абас Кијаростами, Тод Солонц, Апичатпонг Верасетакул…

Сценариото за „Четврток“ е на Манчевски, продуцент е Арон Левин, а во главната улога настапува младата глумица Лора Ласи. Директор на фотографијата е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката е Игор Василев Новоградска.

Во изјавата за медиумите Манчевски вели:
Мило ми е што после подолго време пак снимав во Њујорк (со одлични соработници, особено продуцентот Арон Левин, монтажерот Питер Мостерт и композиторот Новоградска), но темата, како и обично е универзална, а не локална. “Четврток” е ептен краток филм, како хаику, ама има ефект како кога рака облечена во чипка те удира силно во стомакот”, вели Манчевски.

You May Also Like