Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“

Почна 28-то издание на Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“ …

Sv_Joakim_Osogovski

Во Сарандопорскиот манастирски комплекс во Крива Паланка започна 28. Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“. Годинава учествуваат 14 ликовни уметници од Турција, Белорусија, Естонија, Бугарија, Србија и Македонија.

– Уметниците како и секоја година ќе творат на слободна тема, креирајќи дела инспирирани од убавините на манастирот, од преубавата природа на која ниту еден од нив не останува рамнодушен, изјави координаторот на колонијата, Наум Михајловски.

Тој истакна дека поголем дел од учесниците за прв пат присуствуваат на колонијата и оти сите се воодушевени од амбиентот во кој имаат можност за творат.

– Авторите создаваат повеќе дела за време на десетдневниот престој овде, а за спомен на своето учество оставаат по две дела кои остануваат во сопственост на колонијата. Творечката сесија на Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“ ќе ја завршиме со изложба на годинашните создадени дела, додаде Михајловски.

Колонијата традиционално трае 10 дена и ќе заврши на 15 септември.

You May Also Like