Меморандум за соработка меѓу УКИМ, МОН и АМС

Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамките на одбележувањето на Неделата на спортот по повод 22-годишнината од 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, денеска (2 септември, понеделник) во 14:00 часот во просториите на УКИМ ќе потпишат Меморандум за соработка.

filosofski fakultet ukim

Цел на потпишување на Меморандумот е интензивирање и подигање на нивото и формите на соработка помеѓу Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука и Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, за научна поддршка на спортот во Република Македонија, искористувајќи ги материјалните, кадровските и научните капацитети за поддршка на спортот и
реализација на Програмата за развој на спортот во Република Македонија за периодот 2013-2017 година. Исто така, цел на потпишување на Меморандумот е и основање на Институт за спорт при Факултетот за физичка култура на УКИМ.

Меморандумот ќе го потпишат директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски, министерот за образование и наука на Република Македонија Спиро Ристовски и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Велимир Стојковски.

You May Also Like