Манифестацијата „Град на културата – Кочани 2012“ ќе стартува на 18 април

Свеченото отворање на манифестацијата „Град на културата – Кочани 2012“ ќе се случи на 18 април, со почеток во 19 часот – соопшти на вчерашната прес-конференција градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.


– На отворањето, уметниците, гостите и граѓаните на Кочани ќе учествуваат на ликовен перформанс, изработувајќи заеднички големо уметничко дело, а концерт ќе одржи и етно-составот „Монистра“. Ќе биде отворена изложбата на тема „Стара кочанска архитектура“, а во Градскиот парк ќе се одржи и младински хепенинг – истакна Димитровски.

На прес-конференцијата беше презентирана Програмата на манифестацијата, која содржи 140 културни настани од драмската, сценско-музичката, ликовната, книжевната и филмската дејност. Во програмата се влезени концертите на групата „Точка.БГ“ и Пламен Сивев, на Ванкуверската филхармонија, концертот на Симон Трпчевски, книжевен портрет на Матеја Матевски, изложба на академскиот сликар Владимир Симеонов, но и фолкорни и рок-концерти и настапи на ди-џеи…

За Општината, манифестацијата „Град на културата“ претставува можност што ја нуди Министерството за култура на Република Македонија за квантитивно и квалитативно подобрување на културната понуда во Кочани што значи и создавање услови за развој на културниот туризам.

You May Also Like