Мандолинскиот оркестар „Скопје“ настапи во Виена

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под водство на диригентот Рамадан Шукри, вчера (среда, 18 јули) настапи во катедралата „Света Ана“ во Виена. Ден претходно оркестарот свиреше во катедралата „Петерскирхе“.

Првото гостување на овој оркестар пред виенската публика го организираше Амбасадата на Република Македонија во Виена. Инаку катедралата „Света Ана“ се наоѓа во улицата „Анагасе“, веднаш до Виенската опера, и е позната како место на која неформално се среќаваат лица од фелата на класичната музика.

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во Виена се претстави со дела од Бах, Моцарт, Хајдн, Шуплевски, Белини, Хрисик, Родриго.

You May Also Like