Филмот „Мама Европа“ на режисерката Петра Селишкар влезе во официјалната селекција на документарната програма на Сараевскиот филмски фестивал, што ќе се одржи од 16 до 24 август.
Филмот имаше премиера во јуни на фестивалот „Македокс“ во Скопје. Тоа е единствениот документарен филм со кој Македонија ќе учествува на 19. издание на регионалниот фестивал. Сценариото е на Петра и Тера Феро Селишкар. Продуцент е „Петра Пан продакшн“.
„Мама Европа“ фрла поглед на Европа низ очите на шестгодишното девојче Тера. Родено на Балканот, но пораснато како граѓанин на светот од татко со кубанско-македонско потекло и од мајка Словенка, малата Тера брзо научила за границите. Таа оди на патување низ поранешна Југославија со своето семејство сретнувајќи многу личности со интересни приказни и ни го раскажува нејзиниот невин, но интелигентен и веќе искусен поглед на континентот, кој воопшто не е обединет, како што би требало да биде.