“Македонски шуми” продолжува со активното пошумување низ целата држава

За претстојната акција за пошумување “Ден на дрвото – засади ја својата иднина” есен 2013 година, ЈП Македонски шуми активно се подготвува за реализација на истата, според техничко оперативните можности.

makedonski sumi

Во делот на шумско одгледни – пошумувањa ЈП Македонски шуми предвидува пошумување на површина повеќе од 1.035,23 ха, со засадување од 4 000 000 – 5 000 000 шумски садници.

Пошумувањето со шумски садници на предвидените локалитети ќе се реализира од почетокот на Октомври се до моментот на поволните климатски услови и можности. Со есенската акција како и секоја година вклучена е и локалната самоправа – ЗЕЛС.

Со есенската акција како приоритети за пошумување се предвидени опожарени површини – последица од шумски пожари, голини во шума и вон шума во склоп на “Шумско стопанските eдиници”, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини и локации покрај природни и вештачки езера на територијата на Република Македонија.

Во зависност од местоположбата и почвените услови локалитетите за пошумување за есенската акција ќе се подготваат механизиранo во кордони (орање), рачна обработка на површините и изработка на дупки со моторни дупчалки. Изборот на дрвни видови за пошумување е во зависност од климатските услови, надморската височина и фенологијата на садниците.

Според доставените известувања од страна на општините, дел од општините се приклучуваат на локациите предвидени од страна на Македонски шуми, а дел предложија свои локации кој ќе се подготват од нивна страна а шумските садници ќе ги преотстапи ЈП Македонски шуми од своите расадниците.

Оваа есен сакаме уште повеќе да ги мотивираме општините и граѓаните да се вклучат во пошумувањето за да се уредат хортикултурно поголеми урбани површини со декоративни садници (лисјари и четинари). За оваа цел нудиме повеќе годишни садници од над 75 дрвни видови. (даб, питом и див костен, јасен, јавор, каталпа, дива маслинка, липи, смрча, чемпрес, црн орев, багрем, бреза, бор, дуглазија, туја и други).

Според првичните податоци побарувањето на шумски садници од страна на општините се:

• 38.930 садници броја на лисјарски и иглолисни дрвни видови

• 60 350 садници броја на лисјарски и иглолисни дрвни видови за град Скопје

• 200 палми за Охрид и Дојран

• 5 250 леандри за Дојран и дополнување на средишниот дел од делницата на автопатот Богородица – Смоквица

• 10.000 броја на школувани контејнер садници Cupressus arizonica – Аризонски чемпрес во средишниот дел на автопатот Скопје –

Куманово.

makedonski sumi statistika

Ова се досега договорени и потврдени локации и садници, но оваа количина на садници (класични и контејнерски) може да се зголеми до 6 517 400 колку што има во моментов поизведени садници во расадниците на ЈП Македонски шуми.

ЈП Македонски шуми со есенската акција за пошумување “Ден на дрвото – засади ја својата иднина” ќе изврши пошумувања и озеленувања на приоритетни локалитети на територијата на Република Македонија со цел, зачувување и воспоставување на составните делови на биолошката и пејзажна разновидност на македонските шуми преку интегрирањето на целите на заштитата во шумарската пракса.

You May Also Like