Македонската култура ќе биде претставена во Марсеј и Ница

Македонската култура годинава ќе биде претставена и на манифестацијата „Марсеј-европска престолнина на културата“ со изложба на 5 септември на традиционални носии и накит на НУ Музеј на Македонија, а неколку уметници од Македонија 7 до 15 септември ќе учествуваат на VII-те Франкофонски игри во Ница.

Marsej i Nica Kanceska-Milevska (4)

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска (четврток, 29 август) на прес-конференција рече дека продолжува традицијата на претставување на македонската култура во градовите кои се европски престолнини на културата.

Оваа изложба која веќе успешно беше претставена и во Брисел оваа година ќе биде извонредна можност посетителите во Марсеј да се запознаат со македонското богатство на различностите, со препознатливите вредности на рачно изработени македонски носии со богат колорит и везени декорации кои ја отсликуваат македонската традиција и македонските обичаи. Отворањето на изложбата ќе биде збогатено со настапот на Зоран Маџиров, истакна Канческа Милевска.

Marsej i Nica Kanceska-Milevska (5)

Таа потенцира деја Република Македонија од 2006 година е официјално членка на меѓународната организација на Франкофонијата и учеството е убава можност, како што рече, да дадеме придонес во остварувањето на целите на организацијата и развивањето на дијалогот меѓу културите.

Својата креативност и инвидидуалност пред жирито и своите колеги од 70 земји од светот ќе ја презентираат уметникот Ѓорѓе Јовановиќ (фотографија), Горан Менков (сликарство), Ана Ивановска (скулптура-инсталација), Индиго квартет и Искра Шукарова (танци), Студио Брејк а лег (хип-хоп) и друпата Д-Џон (музика), рече Канческа Милевска.

Сите овие активности кои ќе се реализираат во Марсеј и Ница се доказ за одличната соработка меѓу Македонија и Франција, за што Министерката изрази надеж дека и во иднина заеднички ќе се реализираат уште многу проекти.

Marsej i Nica Kanceska-Milevska (3)

Marsej i Nica Kanceska-Milevska (2)

Marsej i Nica Kanceska-Milevska (1)

You May Also Like