Денеска (вторник, 23 јули) во склоп на Меѓународниот филмски фестивал за деца и млади Giffoni Experience во Италија, ќе се одржат следниве активности поврзани со присуството на Македонија и Филмскиот фонд на фестивалот:
Со почеток од 12:00 часот – Прес конференција во прес центарот на фестивалот
Прес конференцијата ќе биде со: Клаудио Губитози, Директор на Giffoni Experience, Дарко Башески, Директор на Филмски фонд на РМ, Мими Ѓоргоска Илиевска, Директор на Кинотека на Македонија, Елена Величковска, Извршен директор на Giffoni Macedonia и Иво Антов, Уметничкиот директор на Giffoni Macedonia.
Со почеток од 21:00 часот – Македонска вечер која ќе се оддржи во манастирот Di San Francesco – Giffoni Valle Piana
Македонија ќе биде претставена и преку македонско вино обезбедено од Винарија Тиквеш, македонски производи МАМАС (ајвар, слатко и сл.) и галичко сирење.
Во соработка со Агенцијата за туризам обезбедени се брошури за Македонија (50 на англиски јазик и 50 на италијански јазик) и мапи, додека во соработка со Агенцијата за странски инвестиции обезбедена е брошурата која се изработуваше во соработка со Филмски фонд на РМ – “Filming in Macedonia”. Воедно како рекламен материјал за македонската кинематографија ќе бидат приложени и каталозите на македонски филмови 2012/2013 год. и разгледници “Welcome in Macedonia 220 Sunny days for filming” фотографии од различни локации од Р.Македонија
Со почеток од 21:45 часот – Концерт на Фолтин
Настап на музичката група ФОЛТИН со почеток во 21:45 часот во Giffoni Valle Piana Stadio Comunale “Troisi”- во склоп на Музичката програма на GFF Experience (на 7 страна од Giffoni music experience)