Македонија на престижниот Џифони филм фестивал

По промотивниот настан „Ден на Џифони“ одржан на 27 Мај годинава, на 30 мај во Скопје е потпишана трогодишна спогодба помеѓу Филмски фонд на РМ и Giffoni Experience со која се предвидува италјанската страна да вложи 74.000 Евра во развој на фестивалот Џифони Македонија како регионален фестивал за деца и млади.

giffoni

Оваа година на фестивалот Џифони Експириенс во Италија, Македонија ќе биде претставена со повеќе активности во текот на фестивалот, а 23 јули ќе биде Македонскиот ден на Џифони кога ќе се организира Македонска вечер со презентација на Македонско вино од винаријата Тиквеш, македонски специјалитети како ајвар и слатко од МАМАС, Галичко сирење и др. Вечерта на 23 јули ќе заврши со концерт на групата ФОЛТИН во склоп на музичкиот дел наречен Giffoni music experience.

Во текот на фестивалот ќе бидат представени пет македонски кратки филмови за деца и малди:
„Бардо“ на Марија Апчевска
„Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски
„Синот“ на Марко Ѓоковиќ
„Образ“ на Стефан Сидовски
„Жарче“ на Томислав Алексов

За време на целиот фестивал ќе биде поставена и изложба на фотографии од Македонија во соработка со фото клубот ЕЛЕМА. На оваа изложба наречена „Македонија низ објективот на македонските фотографи“ ќе бидат изложени триесетина фотографии од 11 автори кои преку пејсажи и знаменитости го осликуваат на секојдневниот ритам и сеприсутниот дух на убавините на нашата земја, Македонија.
Во Џифони ќе бидат презентирани различни промотивни материјали од Македонија. Во соработка со Агенција за туризам обезбедени се брошури и мапи за Македонија, додека во соработка со Агенција за странски инвестиции и Филмски фонд на РМ изработена е брошурата “Filming in Macedonia” која има за цел привлекивање на странски продукции во Македонија. Воедно како рекламен материјал на македонската кинематографија ќе бидат приложени и каталозите на македонски филмови 2012/2013 год. и колекцијата разгледници “Welcome in Macedonia 220 Sunny days for filming” од различни локации од Р.Македонија

Осум деца од Р. Македонија, по 4 во групата +13 и групата +16, ќе бидат дел од меѓународното жири на најголемиот фестивал за деца и млади Џифони Експириенс во Италија, од 18 до 28 Јули
2013 год.
Децата од Македонија кои се дел од жирито се избрани по пат на конкурс за кратко видео во кое имаа за цел и задача да се престават себеси на оргинален и креативен начин.
Со присуството на Директорот на фестивалот Џифони Македонија, Елена Величковска и креативниот директор Иво Антов, како и со дел од организацискиот тим за време на фестивалот ќе соберат знаење и искуство кое ќе ни помогне да го организираме нашиот фестивал во октомври оваа година како прв регионален филмски фестивал за деца и млади.

You May Also Like