(дополнето)Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (четврток, 29.8.2013 година) во 11:00 часот во „Порта Македонија“ ќе се обрати на прес по повод претставувањето на македонската култура на манифестацијата „Марсеј-европска престолнина на културата“ и учеството на македонските уметници на VII-те Франкофонски игри вo Ница, Франција.
На прес конференцијата посветена на манифестацијата „Марсеј-европска престолнина на културата“ ќе присуствуваат и дел од учесниците на овие два значајни меѓународни културни настани.