„Локум фест“, фотографии и креативност на Бит фест

Денеска (четврток, 18 јули) на програмата на Бит фест е традиционалниот „Локум фест“ и уште неколку интересни настани:

 

lokum_fest_18.07.2013

„Локум Фест“-Плоштад Магнолија 20 часот
Во рамките на седмиот по ред фестивал на музика и традиција „Локум фест“ посетителите ќе имаат можност да уживаат во Саемот на ракотворби каде ќе можат да погледнат рачно направени предмети инспирирани од нашата богата култура и традиција како и „Антикварница на отворено“ која ја сочинуваат најразлични старини кои старите битолчани досега љубоморно ги чувале во своите домови, некои постари и од 100 години. За добрата музика ќе се се погрижи BЈОNKО CОPENHAGEN CHALGIJA од Данска, DJ PAUILISTA од Норвешка и „Сирма Војвода“ од Битола. Девојки облечени во староградска облека ќе се обидат да ви ја доловат Битола некогаш…

„Креативен арт фестивал- Биосфера“- Летна сцена Тумбе кафе 21 часот
Изложба на фотографија „Хераклеа“-Дражен Брачиќ-Магаза 20 часот

You May Also Like