Започнува Локум фест во Битола

И оваа година во рамките на најдолгото културно лето „Бит фест “ со поддршка од Општина Битола, се одржува 7-то издание на Локум фест – музика и традиција.

7 lokum fest

Овој етно-word music фестивал го слави славното конзулско минато на Битола, амалгамот од европскиот и ориенталниот дух  на културите и сведочи за нас , она што сме биле и она што сме… велат организаторите на настанот.

Саем на ракотворби, „Антикварница на отворено“, Саем на млади претприемачи, Изложба на стари фотографии , и секако престижна музичка програма со гости од Данска, Финска, Норвешка, Унгарија, Словенија…

Фестивалот се одржува од 17-20 Јули на Плоштадот Магнолија и во срцето на старата битолска чаршија. Организатор на фестивалот е Центарот за културна деконтаминација – Битола.

7 lokum fest flaer

You May Also Like