Вечерва (петок, 19 јули), од 11:00 до 17:00 часот пред ЦК “Марко Цепенков” ќе се одржи ликовен хепенинг на кој ќе сликаат 20 уметници од Турција.
Делата што ќе бидат создадени ќе бидат преставени вечерва (петок) на изложба во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков” од 20:00 часот.
Манифестацијата е дел од проектот “Балкански културни средби” поддржан од Министерството за култура. Носител е ЦК од Неготино, а ЦК “Марко Цепенков” за првпат го реализира во соработка со оваа сродна институција.