Лидија Димковска во меѓународно жири за наградата „Херберт“

Македонската писателка Лидија Димковска, која живее и работи во Словенија, е член во меѓународното жири за престижната награда за животно дело за поезија „Херберт“, во чест на полскиот поет Збигњев Херберт.

Lidija-Dimkovska

Димковска ги претставува Македонија и Словенија, а покрај неа во жирито се и Михаел Кругер (Германија), Агнета Плејел (Шведска), Жауме Валкорба Плана (Шпанија), Томас Венцлова (Литванија/САД), Јарослав Миколајевски (Полска) и Едвард Хирш (САД).

На својата средба во Варшава, тие од шест кандидати за наградата го избраа американскиот поет со српско потекло Чарлс Симиќ.

„Херберт“ е најголемата полска награда за странски поет и ја доделува фондацијата „Збигњев Херберт“. Наградата на Симиќ ќе му биде доделена на свеченост на 14 мај.

You May Also Like