Летна школа „Разбирајќи ја Византија на Балканот“ во Охрид

Од 15 – 24 август во организација на Универзитетот Евро- Балкан, ќе се одржи летната школа насловена „Разбирајќи ја Византија на Балканот: Каде што Истокот се среќавал / одделувал од Западот“, поддржана од Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство.

leten_ohridski_univerzitet_evro_balkan

Школата се одржува во рамките на академската програма на Св. Климентовиот универзитет, којшто веќе трета година се организира како составен дел од Охридскиот летен универзитет. На летната школа ќе предаваат врвни светски познати професори, коишто во моментот претставуваат врв во светската византологија и медиевалистиката: Џонатан Шепард од Универзитетот во Кембриџ, Едрју Роач од Универзитетот во Глазов, како и проф. Флорин Курта од Универзитетот во Флорида, кој во моментот се смета за еден од врвните познавачи на византологијата и на средновековниот Балкан, добитник е на награда за книгата „Создавањето на Словените“ којашто предизвика своевидна револуција во научната јавност во однос на третманот на прашањето за словенската етногенеза и населувањето на Словените.

Во рамките на Охридскиот летен универзитет од 15 – 21 август по вторпат ќе се одржи и Летниот институт за сексуалности, култури и политика, како перманентен проект инициран од Универзитетот Евро-Балкан, а организиран во соработка со Факултетот за медиуми и куминикации -СИНГИДУНУМ, Белград.

Годинешни предавачи се едни од најзначајните имиња на светско и регионално ниво во областа на студиите на сексуалност, род, култура и политика. Институтот ќе биде отворен со дводневни предавања на проф. Антке Енгел од Институтот за квир студии, Хамбург / Берлин, по што следуваат предавања на проф. Мајкл О’Рурк од Независните колеџи, Даблин и проф. Томас Сикора од Педагошкиот универзитет во Краков,Полска.

Свеченото отворање на Охридскиот летен универзитетво организација на Универзитетот Евро-Балкан е на 15-ти август во 20:30 часот во хотелот „Метропол“, во Охрид, а на него ќе има учесници од целиот свет, првенствено од Западна и Источна Европа и од Соединтетите Американски Држави.

You May Also Like