Летна школа за архитектура во Осоговскиот манастир

Викендов во Крива Паланка во прекрасниот амбиент на Манастирот Свети Јоаким Осоговски започна Летната школа за архитектура 2013.

22 –та Летна школа за архитектура која е во организација на Архитектонскиот факултет од Скопје ќа трае од 06 Јули до 14 Јули.

На 13 Јули пред затворањето на школата, во Галеријата на Манастирот Свети Јоаким Осоговски ќе се одржи изложбата на дела изработени на овогодинешната школа, чиј работен наслов оваа година е „Пресекот не е отсечок“.

Летната Школа за Архитектура оваа година се одржува во рамките на Културната манифестација „КРИВА ПАЛАНКА – ГРАД НА КУЛТУРАТА 2013“.

You May Also Like