Летна школа во Зоолошката градина

Во Зоолошката градина Скопје, почнувајќи од 8 јули 2013 година ќе се одржи првата летна школа.

Од 8 Јули, Зоолошката Градина Скопје во соработка со Центарот за креативен развој ќе ја организира првата летна ЗОО школа. Од понеделник до петок, со почеток од 9-11часот ќе се водат работилници со забавно-рекреативна и едукативна тематика.

Понеделник: Претставување на учесниците на оригинален ЗОО начин и запознавање со животните од Зоолошката градина.
Вторник: Практикување на ЗОО јога и креативно творење на тема одредено животно.
Среда: Животните претставени преку странските јазици
Четврток: ЗОО натпревар
Петок: Доделување на наградите на победниците и сертификати на учесниците.

На работилниците ќе се работи со дечиња од 6-10 годишна возраст. Школата ќе одржи во следните термини: 8-ми, 15-ти, 22-ри јули и 12-ти, 19-ти, 26-ти август. Цената на пакет билет за 5-те работилници ќе изнесува 200 денари.

На работилниците ќе се работи со дечиња од 6-10 годишна возраст. Пријавувањето може да се направи на телефонскиот број: 071/380-117.

You May Also Like